Дома Здравје Храна против грип! 5 начини за подобрување на имунитетот

Храна против грип! 5 начини за подобрување на имунитетот

628
0

Храна против грип! 5 начини за подобрување на имунитетот

Лиснатиот зеленчук ја поттикнува работата на црниот дроб и го прочистува организмот, а ѓумбирот и авокадото штитат од настинка…
Дали често чувствувате слабост, главоболка, течење на носот поради температурни промени? Ова се некои од показателите дека вашиот имунолошки систем слабее, па со постудено време станувате склони кон чести настинки . За да го заштитите организмот од грип , треба да се грижите за имунитетот, а експертите советуваат прво да внимавате на исхраната .


Јадете лиснатио зеленило
Зајакнувањето на имунолошкиот систем започнува со чистење на црниот дроб, кој е одговорен за детоксикација. Најдобра храна за црниот дроб се кељот, брокулата, зелката и зелената салата. Ја поттикнуваат работата на црниот дроб и го забрзуваат исфрлањето на токсините од телото.


Маслото од оригано го зајакнува имунитетот и го чисти грлото
Маслото од оригано ги убива бактериите
Маслото од оригано го зајакнува имунитетот и го чисти грлото. Ги убива бактериите кои се собираат во дигестивниот систем и делува како антисептик, а се користи и како лек за чистење на синусите. Истурете две до три капки масло на коцка шеќер или чаша вода.

Авокадото штити од настинки
Авокадото го зајакнува имунитетот. Посебно се препорачува за луѓе кои се склони кон настинки. Можете да го јадете свеж или да направите сос од него. Богат е со амино киселини и антиоксиданси, кои го намалуваат ризикот од срцев удар и го регулираат крвниот притисок.


Ѓумбирот ги спречува инфекциите
Ѓумбирот помага во чистење на дишните патишта и синусите со тоа што го спречува таложењето на токсините кои предизвикуваат инфекции. Може да се користи како чај или како додаток во оброците, што позитивно ќе влијае на варењето и ќе ја намали мачнината.

Со жалфија против кашлица

Жалфијата ја смирува кашлицата, ја отстранува флегмата од грлото и ги чисти дишните органи, а помага и при висока температура. Се препорачува чај или масло од жалфија, но не во големи дози

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име