Дома Здравје Храна која го одржува умот бистар – треба да се јаде секој...

Храна која го одржува умот бистар – треба да се јаде секој ден

6862
0

Храна која го одржува умот бистар – треба да се јаде секој ден
Научниците неуморно бараат начини за спречување на деменција кај постарите лица. Докторката Кели Кара од Универзитетот Тафтс во САД вели дека првиот чекор е правилната исхрана. Таа посочува дека особено е важна храната што можеме да ја најдеме во секој маркет, па дури и во секоја продавница.


„Кумулативниот ефект на исхраната со текот на времето е поврзан со развојот на нашите когнитивни способности“, вели докторот.

Според неа, во свежиот зелен зеленчук се наоѓаат материи кои се здрави за мозокот. Затоа, ги поттикнува луѓето да ја консумираат оваа храна секојдневно.

„Свежиот зелен зеленчук помага да се одржи бистар ум, дури и во подоцнежните години“. „Мозокот на возрасните кои јадат таква храна ќе биде како на 18-годишник“, сликовито објасни таа.

Покрај зеленчукот, д-р Кара советува конзумирање на мешунки и грав, свежо овошје и цели зрна.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име