Дома Здравје Хелена Милески: Лекувањето во приватни болници е достапно со приватно здравствено осигурување

Хелена Милески: Лекувањето во приватни болници е достапно со приватно здравствено осигурување

1571
0

-Здравјето е најважно за секој човек, затоа изборот на приватно здравствено осигурување е од големо значење, вели Хелена Милески, раководител на секторот за животно и приватно здравствено осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

-Во услови на пандемија на Коронавирусот, кога јавниот здравствен систем е преоптоварен, кои предности ги имаат корисниците на приватно здравствено осигурување?

Хелена Милески: Нашите животи веќе повеќе од две години ги одредува пандемијата. Вонредните состојби, кои освен со Ковид 19 имаа далекусежни последици по нашето здравје, гледано генерално само укажуваат на фактот дека никогаш не сме биле по ранливи.
Здравјето не може да чека. Треба да се чува и заштитува. Така е и во услови на ковид пандемија, кога за жал како што рековте се соочуваме со преоптоварени јавни здравствени установи. Граѓаните знаат дека во приватното здравство има многу подобри услови и таму можат да добијат брза и квалитетна услуга, навремена дијагноза и резултати. Но, исто така тоа чини пари. Затоа, решението е приватното здравствено осигурување од СН Осигурителен брокер каде сето ова го добивате по достапни цени од само 515 денари месечно преку пакетот “SN EuroHealth”. Со него, по достапна цена осигурениците можат да се лекуваат во сите приватни здравствени установи во Македонија и користејќи го овој пакет за осигурување да си го олеснат товарот од трошоците за здравствени услуги.

-За кои здравствени трошоци е предвидено покритие со приватното здравствено осигурување од СН Осигурителен брокер?

Хелена Милески: Некаде прочитав дека „Здравјето не е се, но без здравјето тоа се е ништо”.
Полисата обезбедува услуги од најдобрите доктори, пристап до нив 7 дена во неделата, 24 часа дневно… брзо и лесно закажување на прегледи без чекање и без непредвидени одлагања, слобода на изборот на здравствената установа и докторот кој сакате да го сретнете, современи методи на лечење.
Со нашето приватно здравствено осигурување се покриваат трошоците за повеќе здравствени услуги и тоа за специјалистички прегледи, основни дијагностички мерења и снимања, лабораториски анализи и испитувања, амбулантски интервенции, амбулантска рехабилитација и комплексни дијагностички постапки. Исто така се покриваат трошоци за лекови препишани на розов рецепт над 300 денари, потоа трошоци за дневна болница и дневна хирургија, болничко лекување со хоспитализација до три дена и без оперативен зафат, трошоци во случај на оперативни зафати во согласност со листата на операции и дел од стоматолошките интервенции.

Хелена Милески, раководител на секторот за животно и приватно здравствено осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

-Дали приватното здравствено осигурување од СН Осигурителен брокер покрива трошоци за породување?

Хелена Милески: Многу често ме прашуваат дали има опција целото породување да се исплати и да нема франшиза. Добрата вест е дека од неодамна токму со овој пакет за приватно здравствено осигурување имаме опција со по 1.281 денари месечно, за корисничката на осигурувањето и нејзиниот партнер, да го покриеме целото породување до 2000 евра, без франшиза или учество на самиот клиент. Потпишуваме договор за лојалност од три години и безгрижни сме за породување во приватна клиника. Исто така има опција и сумата да биде на сметка на едниот партнер.

-Дали со приватното здравствено осигурување од СН Осигурителен брокер е предвидено покритие на трошоци за малигни заболувања?

Хелена Милески: Со дополнителни само 235 денари со месечно плаќање на основниот пакет, предвидуваме згрижување и од малигни заболувања. Ова е навистина симболична цена кога ќе се земе во предвид колку високи можат да бидат трошоците за овие заболувања. Исто така, на овој начин се добива услуга во приватното здравство, што значи брза и квалитетна здравствена услуга.
Полисата за приватно здравствено осигурување обезбедува финансиска стабилност при непредвидени здравствени ситуации, обезбедувајќи приватно лекување во сите приватни болници во државата. Лекувањето во приватните здравствени установи е брзо, но ве изложува на високи трошоци кои сега може да ги покриете со некој од пакетите за приватно здравствено осигурување. Сега на лесен и едноставен начин, доаѓате до најдобро здравство.
Осигурувањето на малигни заболувања со приватното здравствено осигурување за само 750 денари месечно ви гарантира навремена дијагностика и резултати. Овој производ ви нуди материјална поддршка во најкритичните моменти во животот и шанса за фер борба.

Донесете уште денес мудра одлука и вложите во она што е најважно – во своето здравје и во својот живот. Покажете одговорност кон себеси и кон членовите на Вашето семејство, заштитете ги и тогаш кога ќе им биде најпотребно за да им ја направите иднината безгрижна. Во мојата дневна пракса, сум сведок на безброј добри приказни, каде приватното здравствено осигурување помогнало во вистинско време на вистинското место.

И за крај, сакам да напоменам дека овој месец е месец на жената , па затоа за било кој пакет што ќе го одберете ќе добиете дополнителни 15% попуст. Подетално за пакетот за приватно здравствено осигурување “SN EuroHealth” сите заинтересирани можат да се информираат и преку нашата веб страница www.snbroker.mk или да ме контактираат на helena.mileski@snbroker.mk или на телефонот +389 78418397.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име