Го намалува крвниот притисок, помага при слабеење, го зајакнува имунитетот …
Чајот од хибискус, носи многу здравствени придобивки. Важно е да се знае дека овој пијалок е полн со антиоксиданти кои се борат против негативните ефекти на слободните радикали во организмот.
Овој вид чај е одличен ако сте на диета, се обидувате да го намалите холестеролот, да го одржувате здравјето на срцето или да бидете силни оваа зима и добро расположени …
Чајот од хибискус се подготвува од цветовите (исушени), и има прекрасна темно црвена боја. Има сладок и специфичен вкус и може да се консумира ладен или топол.
Што друго нуди чајот од хибискус?
Тој е природен лек за бактериски инфекции:
Бактериите можат да предизвикаат голем број инфекции, од бронхитис до пневмонија. Споменавме дека е силен антиоксиданс, па не е ни чудо што со чај од хибискус можете храбро да одите во борба против бактериите.
Го намалува крвниот притисок:
Научниците преку бројни студии потврдија дека е корисен за здравјето на срцето и го намалува крвниот притисок, и тоа само по четири недели пиење чај. И, ако немате здравствени проблеми, овој пијалок ќе ве освежи.
Смирува и го подобрува расположението:
Флавоноидите (растителни пигменти) кој ги содржи чајот се добри за менталното здравје – ги ублажуваат симптомите на депресија и го подобруваат расположението. Ако ве „нападне“ лошо расположение, едноставно подгответе чај од хибискус и за кратко време ќе се чувствувате многу подобро.
Помага при слабеење:
Овој пијалок поддржува губење на тежината и често е состојка во препаратите за оваа намена. Чајот го забрзува метаболизмот помога во разградување на јаглехидратите и мастите и го ублажува чувството на глад.
Го зајакнува имунитетот:
Силните антиоксиданти од овој чај можат да го подобрат вашиот имунитет и помага во производството на бели крвни зрнца кои се важни за одбрана на организмот од инфекции.
Дејствува како природен диуретик:
Хибискусот има диуретични својства кои помагаат да се елиминира вишокот течности од телото.