Дома Здравје Урми и здравје – пет причини да ги вклучите во вашата исхрана

Урми и здравје – пет причини да ги вклучите во вашата исхрана

953
0

Урмите имаат широк спектар на здравствени придобивки, и се сметаат за најздраво овошје! Еве пет причини да ги вклучите во вашата исхрана

Ова вкусно овошје потекнува од регион кој се протега помеѓу Египет и југозападна Азија, а со илјадници години е основна храна на Блискиот Исток. Тие се идеална замена за слатките, но тоа не е се…

Еве зошто треба да се најдат на вашето мени…

Богати со хранливи материи

Три урми обезбедуваат околу 200 калории и 54 грама јаглени хидрати со околу 5 грама влакна. Тие вклучуваат витамини од групата Б, витамин К, калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк и манган.

Урми и антиоксиданси

Покрај содржината на витамини и минерали, урмите се богати и со антиоксиданси. Тие се одличен извор на природни антиоксиданси, кои можат да се користат за борба против болести поврзани со оксидативниот стрес.

Оксидативниот стрес се јавува кога постои нерамнотежа помеѓу производството на слободни радикали кои ги оштетуваат клетките и способноста на телото да се спротивстави на нивните штетни ефекти.

Урмите содржат и антивоспалителни и антимикробни соединенија, што значи дека играат улога во борбата против заразните болести. Имаат и антигабични својства, пишува Health.

Урмите се природно слатки

Многумина сметаат дека урмите се сушено овошје, но тие всушност се свежо овошје. Бидејќи тие се необработени, шеќерот се појавува природно.

Урми и дигестивно здравје

Според истражувањата, три урми обезбедуваат околу 18% од дневниот внес на влакна, кои ја поддржуваат добрата дигестивна функција.

Го намалуваат холестеролот

Урмите имаат способност да го намалат нивото на ЛДЛ, несакан холестерол во организмот. Тие се одлична храна за оние кои имаат висок холестерол, кој подоцна може да доведе до масни наслаги и бројни кардиоваскуларни проблеми.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име