Дома Здравје Тромбот во белите дробови прво се чувствува во нозете

Тромбот во белите дробови прво се чувствува во нозете

1445
0

Лекарите предупредуваат дека доколку ги имате овие 2 симптоми мора веднаш да отидете во болница


Кога станува збор за факторите на ризик за формирање на тромб, еден од главните дефинитивно е долго седење во иста положба и држење на нозете скрстени.

Откако ќе се формираат, тромбите можат да патуваат низ крвотокот и на крајот да предизвикаат блокада што може да биде фатална. Најчесто се развиваат по одредени повреди, а доколку не се распаднат по природен пат, го ограничуваат протокот на крв во срцето и создаваат сериозна здравствена состојба.


Тромбите можат да бидат и причина за белодробна емболија, која се јавува кога згрутчувањето ќе се заглави во пулмоналната артерија и ја спречува крвта да стигне до белите дробови.

Вообичаени симптоми на тромб се длабока мускулна болка од непозната причина, црвенило и оток на ногата . Ако згрутчувањето се пресели во белите дробови, симптомите може да бидат различни и може да се манифестираат и преку дишењето. Во овие случаи, луѓето може да почувствуваат недостаток на здив или да почувствуваат болка во градите што се влошува кога ќе здивнат.

Исто така, симптомите може да бидат и кашлање крв и несвестица, а во овие случаи потребно е веднаш да се побара помош.

Кога станува збор за факторите на ризик за формирање на тромби, еден од главните дефинитивно е долго седење во иста положба и држење на нозете скрстени. Лекарите предупредуваат дека е потребно одвреме-навреме да стануваме и да ги истегнеме нозете, за да не ризикуваме од несакана состојба.

Исто така, ризични групи се жените кои користат хормонски таблети, како и сите постари од 60 години, оние кои пијат алкохол или пушат. Еден од советите на лекарите како да спречите згрутчување на крвта е да пиете многу вода бидејќи и дехидрацијата е фактор на ризик.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име