Дома Нега и убавина Три начини да ги скриете брчките на лицето

Три начини да ги скриете брчките на лицето

857
0


Брчките се неизбежност на секој човек и доаѓаат со годините, колку и да се грижите за лицето и телото, со тек на годините нема да можете да ја избегнете појавата на брчки, колку и да се трудите. Меѓутоа, со здрава исхрана и дневна рутина за чување на лицето чисто, можете значително да ги намалите брчките. Со цел да ги покриете веќе формираните брчки, еве неколку совети.

Што е можно помалку пудра

Колку сте постари, толку помалку пудра треба да користите. Многу пудра за лице само ги нагласува брчките наместо да ги сокрие. Наместо тешки и течни пудри, нанесете тонирани креми.

Конски реп

Доколку имате долга коса, се препорачува вашата фризура да биде високо опавче. Оваа фризура создава природен ефект на кревање, бидејќи ја затегнува кожата на лицето нагоре.

Потребен е прајмер

Нанесете прајмер на лицето пред основата. Свилената текстура на прајмерот ги прикрива брчките и го подобрува тенот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име