Дома Твој готвач Триаголници со сусам и мед

Триаголници со сусам и мед

1258
0

Триаголници со сусам и мед

Состојки:

5 лажици мед
50 грама шеќерво прав

четвртина пакување маргарин (околу 65 грама)
50 грама темно чоколадо за готвење
50 грама сечкани ореви
100 грама мелени бисквити
100 грама сусам

Подготовка:
1.
Во тавче печете сусам (без додавање масло).

2.
На тивок оган се топи медот и шеќерот во прав. Додадете маргарин и чоколадо, мешајте додека се се стопи и соедини.

3.
Се трга од оган и во смесата се додава сусамот, оревите и мелените бисквити. Соединете сè и веднаш ставете во калап за триаголници. Најдобро е претходно да го покриете калапот со фолија или пластична кеса за замрзнувачот за подоцна полесно да го извадите колачот.

4.
Доста брзо се стврднува, но најдобро е да го чувате во фрижидер барем неколку часа пред да го исечете.

5.
Се сече на триаголници и уживајте во вкусот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име