Дома Живот Традиција што веќе исчезна – новогодишни честитки

Традиција што веќе исчезна – новогодишни честитки

1996
0

Испраќањето честитки за новогодишните празници е традиција која полека изумира. Новите технологии донесоа нов начин на честитки, социјалните мрежи, е-пошта и СМС-пораки…

На блиските, пријателите, и колеги, внуци, другарчиња во клупа, за секоја Нова година им посакувавме се најдобро со хартиени новогодишни честитки праќани преку пошта (или пред врата сами ќе ја оставевме).

Новите генерации кои никогаш не напишале писмо рачно,влијае на хартиените честитки да го загубат своето место во прославата на новогодишните празници.

Сепак, оние малку постари кои се сеќаваат на „ерата на хартијата“ со копнеж се сеќаваат како неколку дена пред Нова година пребаруваа во поштенското сандаче, очекувајќи наместо сметка, шарена новогодишна честитка.

Традицијата на испраќање честитки до најблиските со најдобри желби за претстојните празници и следната година постои повеќе од 150 години. Во многу земји од Северна Америка до Азија, голем број луѓе разменуваат честитки неколку недели пред католичкиот Божиќ и Нова година.

Дури и земјите што не се дел од христијанската традиција го прифатија овој обичај, поврзувајќи го со Нова година. Првите честитки за Нова Година и Божиќ се појавија во Англија за да ги охрабрат обичните луѓе да користат што повеќе поштенски услуги, кои во тоа време биле во зачеток. Интересно е што на првите честитки не беа прикажани зимски и божиќни симболи, туку цвеќиња, самовили и слични работи што примателот на пораката треба да ги поврзе со пролетта што доаѓа. Смешни и сентиментални сцени на деца и животни беа исто така популарни во првите години во создавањето на новогодишните честитки.

Нова година без вистинските стари честитки!

Дали вие праќате Новогодишни честитки? Кога последен пат на некој му испративте честитка, а кога последен пат добивте од некого честитка за Нова година? Не, не мислиме на оние по пат на смс порака, ниту честитки од различни сајтови! Мислиме на оние вистинските, стари добри честитки без кои до неодамна Нова година не можеше ни да се замисли!

Денес, се поретки се и тезгите на кои може да се најде релативно скромен избор на новогодишни честитки. Луѓето некако се оддалечија од овој убав обичај, бидејќи полесно им е да запамтат е-маил адреса, отколку домашната, па маркици, па чекање ред во пошта, … го разбираме сето тоа, но сепак ништо не може да го замени она чуство кое повозрасните генерации го имаа , како деца посебно, кога поштарот во деновите пред Новата година ни носеше по некоја честитка од роднини, пријатели, соседи. Веднаш си наоѓаа посебно место под елката. Денес тоа речиси и да го нема, но и да го има во многу мала мерка. Можеби тоа е само уште еден показател за отуѓување меѓу луѓето.

Од се, најмногу ни недостигаат и честитките, тие неколку зборови во нив, таа емоција која со честитката заедно е запакувана во пликот. Без нив Нова година е речиси исто како елка без украси!

Вака изгледаше првата комерцијална Новогодишна честитка и годините потоа(фото).

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име