Дома Твој готвач Традиционална зимница! Најдобар, стар рецепт за пеглани пиперки без конзерванси

Традиционална зимница! Најдобар, стар рецепт за пеглани пиперки без конзерванси

451
0

Традиционална зимница! Најдобар, стар рецепт за пеглани пиперки без конзерванси

За да подготвите вкусна и здрава туршија која ќе ви трае до март, не треба да користите многу состојки или кесички со конзерванси.

Црвените пиперки се вистински симбол на есента, кои овој период ги користиме на различни начини.

Традицијата за подготовка на пеглани пиперки за зима постои одамна и е незаменлива во нашите кујни.

Состојки:

5 килограми црвени пиперки
2 главици лук
500 мл масло

1литар оцет
200 гр сол
100 гр шеќер
1 лажичка
зрна бибер 1 китка магдонос

Подготовка:

Измијте ги пиперките и извадете ги семките, па исечете ги на дебели ленти. На дното од садот наредете ги лентите пиперки, па посипете малку сол и шеќер и покријте ги со малку масло и оцет. Ставете нов ред пиперки и повторувајте додека не го потрошите целиот материјал.

Оставете да отстои преку ноќ, а кога ќе омекнат, наредете ги во добро стерилизирани тегли, а меѓу редовите пиперки додадете ситно сечкан лук, бибер и магдонос. Кога ќе завршите со слоевитоста, прелијте со маслото и течноста со оцет во која се оставени пиперките преку ноќ, а потоа притиснете ги.

Ставете ги на ладно и темно место и уживајте во божествениот вкус цела зима.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име