Мали, но полни закуски од блитва и сирење.
Состојки:
- 1 кг блитва
- 3 јајца
- 100 гр брашно
- 100 гр лебни трошки и 3 дополнителни лажици лебни трошки
- 4 чешниња лук
- 150 гр сирење
- 1 лажица сув зачин од зеленчук
Подготовка:
Сварете ги листовите блитва со топла вода, исцедете ги добро и исечкајте. Додадете ситно сецкан лук, едно јајце, сирење, три лажици лебни трошки и зачин. Додадете сол, бибер и мешајте рачно. Земете ја смесата и рачно обликувајте ги топчињата.
Потоа превртете ги во брашно, останатите изматени јајца и лебни трошки, па пржете во поголема количина масло.
Ставете ги на чинија обложена со хартиен бришач за да ја впие маснотијата.