Разновидна, здрава и без глутен, палентата е фантастично гарнирче, кое со неколку совети од одлични готвачи, лесно се претвора во вкусна замена за компири или тестенини …
Одлична како гарнир за месо и зеленчук, но и како самостојно јадење, палентата е неисцрпна инспирација.
Покрај растителните влакна и протеините од палентата доздаваат ситост, па ако обрнете внимание на телесната тежина, можете почесто да ја вклучувате во менито – секако, во овој случај не треба да претерувате со вкусни додатоци како путер или масни сирења.
Доколку имате некаков бујон, коцка за супа од зеленчук или месо, користете го наместо вода. На околу осум чаши течност одат 2 чаши палента. Загрејте ја течноста, но не толку за да зоврие, да го загреете за да не се формираат грутки. Постепено додадете ја палентата и промешајте со жица за матење и варете ја кратко на тивок оган, но не толку многу да стане премногу жешка. Потоа исклучите го шпоретот и оставете ја покриена со капак да отстои околу 45 минути.
Потоа енергично промешајте и додадете рендано сирење и путер(1-2 лажици). Може да пробате и маскарпоне, кој на палентата и дава богат и кремаст вкус. Сецкан лук, магдонос или копар се исто така одлични додатоци, може да додадете и лута сува пиперка.
Може да ја послужите палентата со павлака, што е одличен додаток.