Дома Интересно Сè за пастите за заби

Сè за пастите за заби

822
0

Ве интересирало, а што не сте знаеле…

Првите формули на примитивни пасти за заби биле забележани 5000 година п.н.е., а Египјаните во 4-та година по Христа веќе ги направиле своите пасти од сол, листови од нане, суви цветови од ирис и бибер мешајќи ги во паста за заби. (Не го пробувајте ова дома бидејќи ќе имате крвави непца)

Верувале или не, кон крајот на 18 век луѓето ги полирале забите со трошки тост леб.

Во 1873 година , за прв пат беше произведена комерцијална паста за заби со фин мирис. Беше произведена од Colgate и беше во тегла.

Во 1914 година, откако беше откриен флуорот за намалување на појавата на кариес, тој стана составен дел од формулите на популарните пасти за заби на пазарот.

1987 година Измислена е првата јадлива паста за заби за деца со фини вкусови. Таквата паста всушност првично била измислена за астронаутите на НАСА за да можат да ги мијат забите при вселенски мисии без да мора да ја плукаат пастата во вселенски брод (во кој, да се потсетиме, нема сила на гравитација).

Во 1989 година, компанијата за стоматолошка нега Рембрант ја измислила првата паста за заби која тврдела дека може да ги избели забите и на тој начин да ја осветли насмевката.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име