Дома Здравје Список на храна што ја купува неврологот за поздрав мозок

Список на храна што ја купува неврологот за поздрав мозок

1385
0

Д-р Даниел Амен, невролог од Калифорнија, ја открил својата омилена храна која е корисна за здравјето на мозокот.

Тој рече да се држите подалеку од слатката, брза храна и пијалоци и секогаш да се определувате за квалитетна, хранлива и вкусна храна, за да ги намалите воспаленијата и болестите како што се дијабетес, срцеви заболувања, рак, депресија, деменција.

Тој има листа на познати пациенти кои ги лекувал, а меѓу нив се Џастин Бибер, Мајли Сајрус, како и Бела Хадид, која ја инспирирал да престане да пие.
Тој, исто така, сака киноа, сурови, несолени семиња и јаткасти плодови како што се семето од чиа и лен. Замрзнатото или свежото овошје како што се јагодите, боровинките и малините се исто така добри за мозокот.

Д-р Амин рече дека наместо шеќер користи засладувачи како стевиа.

„За да се чувствувате подобро и да трае цел живот, клучно е да се фокусирате на висококвалитетна, хранлива и вкусна храна, со која можете да го изградите и одржувате вашето здравје“, вели д-р Амин.

Што купува д-р Амин од намирници?

  • Намази како хумус, сос од гуакамоле и салса од домати
  • Органски јајца
  • Здрави масла како кокосово, бадемово и масло од макадамија
  • Путер од јаткасти плодови и намази како путер од бадеми и кокос
  • Протеински прав
  • Киноа
  • Сурови, несолени семиња и јаткасти плодови – чиа, лен, коноп
  • Мали количини свежо или замрзнато овошје како што се јагоди, боровинки и малини
  • Засладувачи како стевиа
  • „Суперхрана“ како корен од мака и гоџи бобинки

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име