Дома Здравје Совети кои ќе ви помогнат да заспиете како дете

Совети кои ќе ви помогнат да заспиете како дете

899
0

Голем број луѓе ширум светот речиси секоја вечер се борат со себе за малку квалитетен сон. Понекогаш ситуацијата може да изгледа безнадежна, но експертите велат дека малите промени во исхраната може да резултираат со позитивен исход и на долг рок.

За да може нашето тело да функционира правилно, неопходно е постојано да спиеме осум часа. На многумина им се чини дека ваквото сценарио е невозможно поради секојдневните навики на современиот човек, но процесот на лекување се сведува на избори, односно избегнување одредена храна.

Важно е да се напомене дека оброкот пред спиење може да помогне или спречи мирно да се заспие. Експертите тврдат дека оброк богат со јаглехидрати може да го наруши сонот и да спречи квалитетен одмор. Дури и лесно да заспиете по консумирањето јаглехидрати, сигурно е дека таквиот сон не е оживувачки за душата и телото.

Спротивно на тоа, оброк кој содржи поголем процент на масти обично води до полесно заспивање.

Резултатите од неколку различни студии покажаа дека исхраната богата со јаглени хидрати и богата со масти го намалува квалитетот на сонот во споредба со диета која вклучува малку јаглехидрати и богата со масти. Треба да се напомене дека и двата вида оброци имаат иста калориска вредност.

Храна која вклучува диета со пониска содржина на јаглени хидрати и поголема содржина на масти

Станува збор за јаткасти плодови кои се клучна компонента на овој тип на исхрана бидејќи е добро познато дека оваа храна поволно делува на сонот. Меѓу нив се бадемите и оревите, кои содржат мелатонин, хормон кој ги регулира циклусите на спиење и будење.

Покрај јаткастите плодови, сирењето е намирница која спаѓа во оваа група и благотворно делува на сонот.

„Сирењето содржи и аминокиселина триптофан, која го зголемува нивото на серотонин“, објаснуваат за британски Експрес Националната асоцијација за квалитетен сон.

Конзумирањето храна богата со протеини го зголемува нивото на хормоните во крвта, што дефинитивно ви помага да спиете поздраво.

Покрај сирењето и јаткастите плодови, групата на корисни намирници вклучува:

  • месо (говедско, свинско, мисирка)
  • риба (лосос, туна)
  • масло (маслиново, кокосово, ленено семе)
  • семиња (сончоглед, чиа, лен)
  • Јајца.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име