Дома Твој готвач Смути со киви и ѓумбир(рецепт)

Смути со киви и ѓумбир(рецепт)

1230
0

Витамински напиток за здрав почеток на денот или одлична ужина во текот на денот…

Состојки:

(за 2 лица)

  • 1 голема банана
  • 4 киви
  • парче ѓумбир
  • 1-2 лажички кафеав шеќер или мед
  • 1 мала шолја свежо исцеден сок од портокал (или вода или млеко од соја)

Подготовка:

Излупени киви и банана се сечат, па се ставаат во блендер.

Ѓумбирот исечкајте го и исто така ставете во блендер.

Додадете го исцедениот сок од портокал (вода или млеко од соја) и засладувачот по желба и сè измешајте.

Готовиот пијалок истурете го во чаши и послужете.

Извор:Coolinarika

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име