Дома Твој готвач Смути со банана и ѓумбир што мора да го испробате!

Смути со банана и ѓумбир што мора да го испробате!

1012
0

Немате идеја како да го започнете денот и да си обезбедите голема, но здрава количина на енергија? Пробајте го рецептот за вистинско зимско смути и воодушевете се.

Ѓумбирот отсекогаш бил познат како природен лек за многу болести. Навистина се знае многу за придобивките од ова растение со зачинет вкус. Со цел да внесете ѓумбир во вашето тело на здрав и вкусен начин , ви предлагаме да го комбинирате со банана , вистинска мала ризница калиум . Ова смути е вистинска енергетска бомба што ќе ве нахрани со сите потребни хранливи материи .

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 банана
150 гр јогурт
1 лажица мед
10-20 гр свеж ѓумбир

  • Може да користите и јогурт од ванила

ПОДГОТОВКА:
Исецкајте ја бананата на парчиња и изблендирајте заедно со останатите состојки. Доколку сакате да го подобрите зимскиот вкус на ова смути, слободно додадете цимет или морско оревче . Уживајте во вашиот пијалок!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име