Ова смути е одлично како меѓуоброк кога сакате брзо да испиете нешто нутритивно квалитетно, а исто така кога ви треба освежување.
Состојки (за 1 порција):
1 банана
140 гр јагоди
150 мл минерална вода
Подготовка:
Ставете ја бананата и јагодите во блендер или мешалка и мешајте додека не добиете униформна смеса. Истурете ја смесата во чаша и полека додавајте ја минералната вода со постојано мешање. Уживајте во витамински освежување.