Дома Здравје Смесата со ова овошје и маслиново масло ГИ ЧИСТИ ЦРЕВАТА, помага при...

Смесата со ова овошје и маслиново масло ГИ ЧИСТИ ЦРЕВАТА, помага при БАКТЕРИСКИ ПРОБЛЕМИ и инфекции

1119
0

Смесата со ова овошје и маслиново масло ГИ ЧИСТИ ЦРЕВАТА, помага при БАКТЕРИСКИ ПРОБЛЕМИ и инфекции

Смокви во маслиново масло / Извор: Youtube принтскрин/Кујната на Самирина

Оваа комбинација најмногу се користи на брегот, а всушност станува збор за смокви и маслиново масло.

Луѓето од овие краишта одамна виделе колку е лековита оваа смеса и дека со неа можат да ги отстранат бактериите од цревата, да го спречат нивното размножување, а исто така се добри и за плодноста.

Смоквите секако се меѓу најздравите видови овошје. Се одгледуваат во близина на морето, каде што преовладува тропската клима.

Тие се збогатени со различни лековити материи , а најмногу се витамините А, Ц и Е, а посебно се издвојува железото. Свежите смокви содржат помалку калории од сувите смокви, па затоа мора да знаете за каква цел и каква смоква да користите.

Рецепт за подготовка

Во чиста стаклена тегла ставете околу 40 парчиња суви смокви и прелијте ги со маслиново масло за сите смокви да бидат потопени во неа. Потоа треба добро да ја затворите теглата и да ја оставите 40 дена.

После тоа, земајте по три смокви секој ден, по една пред секој оброк. Ова не само што е многу вкусно, туку и ќе ви биде од голема помош. Свежите смокви се ценети поради нивното изобилство на антиоксиданси како што се каротини, танини, лутеин и хлорогена киселина.

Освен тоа, свежите смокви содржат високи количини на антиоксидантни витамини како што се витамин А, Е и К. Антиоксидансите не штитат од слободните радикали чие деструктивно дејство може да доведе до предвремено стареење, деменција и срцеви заболувања.

Исто така, истражувањата покажуваат дека хлорогената киселина го балансира нивото на шеќер во крвта.

Напомена: Мелемите и тинктурите од природата не се замена за стручно мислење и терапија. Ако забележите какви било симптоми или поплаки, задолжително контактирајте го вашиот лекар.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име