Природните состојки се најдобриот лек
Во овој период од годината, луѓето често добиваат болки во грлото . Тешкотии при голтање, занатост и болки во грлото може да се излечат и со подготовка на домашен сируп од агруми и зачини полн со антиоксиданси. Сирупот нема непријатен вкус, а брзо ќе делува и ќе ги ублажи сите симптоми.
Состојки за сируп:
4 лажици мед
1 мала лажица куркума
1 мала лажица рендан ѓумбир
1 мала лажица мелен лук
половина лажичка цимет
половина мала лажица лута пиперка
4 супени лажици сок од лимон
сок од 1 портокал
Подготовка:
Медот се загрева додека не се разреди и се додаваат сите состојки и се остава да отстои еден час.
Земете мала лажица сируп два до три пати на ден.
Сирупот ќе ја ублажи болката и ќе помогне при тешко голтање.