Дома Здравје Симптом на рак на простата што мажите не треба да го игнорираат,...

Симптом на рак на простата што мажите не треба да го игнорираат, вели онколог

601
0

Симптом на рак на простата што мажите не треба да го игнорираат, вели онколог

РАК НА ПРОСТАТА е најчестиот рак кај мажите и погодува приближно еден од осум мажи во текот на нивниот живот. Сепак, раното откривање на проблемите може многу да помогне во обезбедувањето позитивни резултати. Затоа, експертите ги советуваат мажите, особено оние над 40 години, да бидат свесни за какви било промени во нивните навики за мокрење.

Онкологот д-р Јиржи Кубес тврди дека ова може да обезбеди потенцијално рано предупредување дека нешто не е во ред.

„Како и со секоја промена во вашето тело, треба внимателно да ја следите и да побарате совет од вашиот матичен лекар што е можно поскоро. Во некои случаи нема да има ништо за што да се грижите, но важно е да се консултирате со специјалист доколку имате некаква загриженост. Главните предупредувачки знаци се зголемена потреба за мокрење, во текот на денот и ноќта, бавно или наизменично мокрење и чувството дека сè уште треба да уринирате дури и кога ќе завршите“, изјави д-р Кубес за Дејли експрес.

Тој додава дека дури може да има и траги од крв во урината. „Покрај тоа, понекогаш и лицата со рак на простата ќе доживеат непријатност при седење“, предупреди онкологот.

Според веб-страницата на Националната здравствена служба (NHS): „Ракот на простата обично не предизвикува никакви симптоми додека ракот не порасне доволно за да го притисне уретрата, што може да го попречи протокот на урината“.

Потоа почнуваат да се појавуваат предупредувачки знаци кои треба да поттикнат брза акција и контактирање на лекар.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име