Дома Здравје Се будите со болки во вратот? Решението може да биде многу едноставно

Се будите со болки во вратот? Решението може да биде многу едноставно

1082
0

Што ако направиме се како што треба и повторно се разбудиме со грчеви и болки во вратот?

Во денешно време, болките во грбот и вратот се вообичаени поради начинот на живот. Знаеме дека долгогодишното седење пред компјутер може да доведе до болка, која делумно или целосно може да се реши со едноставни вежби .

Но, што ако се будиме со болки во вратот? Дури и ако добро се подготвуваме за спиење и се грижиме за тоа како спиеме, но сепак се будиме со болен врат? Што да правиме тогаш?

Одговорот е едноставен, но можеби не е лесен: тие болки се предизвикани од лошите навики за спиење и некои едноставни промени може да доведат до будење со помала болка наутро.

Прво: Ако спиете на стомак, обидете се со друга положба. Спиењето на стомак ја присилува главата на едната страна и создава притисок во вратот. Експертите велат дека спиењето на грб или на страна го намалува притисокот врз вратот.

Второ: Добра перница! Не жалете што инвестирате во добра перница, бидејќи квалитетот е многу важен овде. Прескокнете ги перниците кои се премногу вкочанети или дебели или кои може да ви го стават вратот во непријатна положба. Идеално, треба да најдете перница што е помека и малку порамна. Можеби можете да пробате некоја од оние со мемори пена, односно онаа што одговара на обликот на вашиот врат.

Покрај тоа, земете ги предвид и другите здрави навики за спиење . Постојат некои докази дека болката во вратот е предизвикана не само од положбата во која спиете, туку и од квалитетот на спиењето.

Едно истражување, на пример, покажа дека луѓето кои имаат проблеми со спиењето имаат поголема веројатност да пријават проблеми со мускулно-скелетна болка, вклучително и болка во вратот, отколку оние кои добро спијат.

Спиењето во темна и ладна соба, одењето во кревет и будењето во исто време може да ви помогне да спиете подобро.

Се разбира, болката во вратот може да биде предизвикана и од некоја друга медицинска состојба, за која овие промени не се доволни, туку причината треба да се третира. Во овој случај, неопходно е да се консултирате со лекар за да се утврди точната дијагноза.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име