Дома Твој готвач Сезонска колач со јагоди

Сезонска колач со јагоди

1227
0

Овај едноставна сезонски колач ќе ги исполни сите ваши очекувања …

Ако во фрижидерот имате зрели јагоди што треба брзо да ги користите, исчистете ги и ставете ги во едноставна мешавина од путер, јајца и крем. Ќе ви треба само една голема вангла, миксер, шпатула, тава за торта и десет минути време. Останатата работа ќе ја заврши рерната за вас, а се што треба да направите е трпеливо да почекате колачот добро да се олади.

Состојки:

100 гр омекнат путер
250 гр шеќер
2 големи јајца
1 лажичка екстракт од ванила
170 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
120 гр кисела павлака
малку сол
400 гр исечени јагоди

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени . Премачкајте калап за торта со дијаметар од 24 см со путер.
Измешајте путер со 200 гр шеќер во мека смеса. Додадете ги јајцата и екстрактот од ванила и измешајте.
Во посебен сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта.
Додадете наизменично павлака и брашно во мешавината на јајца и путер и измешајте сè добро.
На крај додадете ги јагодите и истурете ја смесата во тавата за печење. Посипете ги врз преостанатите 50 гр шеќер.
Печете 35-40 минути , додека чепкалката со која ја прободевте средината да излезе чиста.
Почекајте да се излади целосно пред да го исечете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име