Дома Живот Седум начини мудро да ја користите кората од лимон…

Седум начини мудро да ја користите кората од лимон…

1034
0

Лимонот е едно од најраспространетите цитруси, кое е богато со минерали и витамини важни за здравјето. Покрај популарните лековити својства на неговиот кисел сок, кој освежува во моментот на најголема жед и лечи секаква настинка, не треба да се занемари ниту нејзината жолта кора, која го штити овошјето. Имено, таа е сојузник на убавината и чист дом, поради што не треба да ја фрлате.

За здравје:

  1. Го намалува холестеролот и има дејство на детоксикација врз организмот
    Кората од домашен непрскан лимон е извор на антиоксиданти, поточно нејзината бела мембрана или кожата што го опкружува овошјето. Богато е со флавоноиди кои ги нормализираат нивоата на холестерол, и се многу ефикасни како природни средства за чистење на организмот. Изрендајте кора од лимон и прелијте ја со вода, оставете ја да стои неколку минути и потоа исцедете малку сок од лимон. За чистење на телото, се препорачува да го земате овој пијалок секое утро седум дена.
    За убавина:
  2. Омекнува сува кожа на лактите
    Измешајте рендана кора од лимон со една лажичка сода бикарбона, и додадете неколку капки сок од лимон. Промешајте ја смесата, и кога имате можност, и најдобро би било после бања кога кожата ќе омекне, подмачкајте ги лактите или сувите стапала.
  3. Главната состојка на пилинг за тело
    Измешајте половина чаша шеќер со рендана кора од лимон, додадете осмина чаша маслиново масло и природниот пилинг за тело е готов. Користете го пилингот на влажна кожа, истријте ја целата површина на телото, оставете го да делува десет минути и исплакнете под млаз топла вода.
    За домаќинство:
  4. Дезинфекција за кујнски површини
    Кората од лимон има антибактериски својства, поради што е идеална за дезинфекција на кујнските површини. Се препорачува за чистење на даската за сечење во кујна за која вообичаено не се препорачува употреба на агресивни хемикалии. Даската треба да се истури со врела вода, а потоа површината да се нанесуваат со рендана кора од лимон измешана со сок од лимон.
  5. Природен чистач за микробранови
    Во керамички сад, додадете исечкана кора од лимон и вода. Ставете го препаратот во микробранова печка на највисока температура околу три минути за смесата да зоврие. Испарувањето на растворот ќе исчисти тврдоглави дамки на микробранова печка и ќе ги неутрализира непријатните мириси.
  6. Отстранува бигор
    Бигорот на површината на мијалникот ќе го исчистат препаратот од кора од лимон. Во тенџере на силен оган ставете кора од лимон, две лажици сода бикарбона и една лажица јаболков оцет, истурете три децилитри вода и ставете го на оган. Веднаш штом ќе зоврие, извадете го од шпоретот и процедете, прелијте го местото со бигор. Оставете да делува десет минути и исплакнете во ладна вода.
  7. Заштитува од инсекти
    Со доаѓањето на пролетта, нашиот дом ќе стане мамка за мравки и многу други инсекти, па за да ги направите аглите на вашиот дом непожелни за престој, користете кора од лимон. Направете неколку парчиња на секое парче и оставете ги на аглите, есенцијалното масло што ќе се ослободи ќе ги избрка несаканите гости.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име