Дома Здравје САМО 3 ПАРЧИЊА НА ДЕН ПОМАГААТ СО ВИСОК ПРИТИСОК: Ова овошје е...

САМО 3 ПАРЧИЊА НА ДЕН ПОМАГААТ СО ВИСОК ПРИТИСОК: Ова овошје е „суво злато“ за коските, а еве кој треба да го избегнува

613
0

САМО 3 ПАРЧИЊА НА ДЕН ПОМАГААТ СО ВИСОК ПРИТИСОК: Ова овошје е „суво злато“ за коските, а еве кој треба да го избегнува

Многу луѓе ги нарекуваат смокви природни „слатки“, бидејќи се исклучително богати со шеќер. Освен тоа, содржат и протеини, но и калциум, витамин К, калиум, железо и магнезиум.

Во сезоната, тие остануваат свежи само десет дена по берењето, но затоа се достапни во текот на целата година во сушена состојба.

Поради шеќерот треба да се ограничи нивната консумација, но останатите состојки се корисни за целиот организам.

Се препорачуваат на сите кои имаат проблеми со запек, бидејќи делуваат како природен лаксатив. Високата содржина на влакна ги прави идеални за здравјето на цревата.

Лекарите ги советуваат како вид на пребиотик – храна за корисни бактерии во нашиот стомак.

Смокви треба да ги јаде секој што сака да ја зачува густината на коските. Како што старееме, промените во телото доведуваат до поголема апсорпција на калциум од нив, па затоа треба да јадеме храна која го има во изобилство.
Благодарение на значителната количина на калиум, сувите смокви се добра помош за регулирање на крвниот притисок. Ова го штити телото од срцев удар и мозочен удар, како и од атеросклероза.

Со оглед на количината на витамин К во смоквите, пациентите кои земаат средства за разредување на крвта треба да се консултираат со својот лекар и да проверат дали треба целосно да ги избегнат или дали можат да земат барем помала количина.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име