Дома Здравје Само ја влошува ситуацијата: Оваа храна помага при развој на уринарни инфекции

Само ја влошува ситуацијата: Оваа храна помага при развој на уринарни инфекции

926
0

Инфекциите на уринарниот тракт можат да бидат постојани и да се враќаат од време на време. Доколку не се третираат правилно, постои висок ризик од бубрежно заболување и многу други компликации.


Со регулирање на исхраната, можно е трајно да се реши овој проблем.

Докажано е дека одредена група на намирници го фаворизира развојот на инфекции во уринарниот тракт, па затоа треба да ги избегнувате и да ја намалите нивната употреба на минимум, особено ако веќе сте се бореле со овој тип на инфекција.

Најчеста бактерија која е виновна за инфекции на мочниот меур е ешерихија коли. Овие бактерии се наоѓаат во цревата, и лесно можат да се преселат во мочниот меур, а по празнењето на цревата да ја предизвикаат оваа непријатна состојба.

Зошто шеќерот е толку опасен?

Како и секој друг жив организам, на ешерихија коли и се потребни хранливи материи, а шеќерот е нешто што овие бактерии го сакаат. Со внесување на шеќер во телото, нивото на киселина во урината станува поповолно за ешерихија, што овозможува инфекцијата да напредува побрзо.

Кои се методите на лекување?
Покрај намалениот внес на шеќер, ќе помогнат и одредени пијалоци, како што е сокот од брусница. Брусницата содржи соединение наречено Д-маноза за кое научниците докажаа дека може да спречи ешерихија да се залепи на ѕидовите на мочниот меур. Овој сок мора да биде целосно природен и без додаден шеќер.

Покрај брусницата, ќе помогне и внесувањето на вода и чај од грозје во големи количини, како и избегнување на газирани пијалоци. Незасладениот јогурт, црниот чај и темното чоколадо исто така ќе помогнат.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име