Дома Здравје Само една лажица МЕД ПРАВИ ЧУДА: Ако го започнете денот вака, еве...

Само една лажица МЕД ПРАВИ ЧУДА: Ако го започнете денот вака, еве што ќе се случи во вашето тело

9192
0

Само една лажица МЕД ПРАВИ ЧУДА: Ако го започнете денот вака, еве што ќе се случи во вашето тело

Треба да се користи умерено

Медот е вистински природен деликатес. Добро оди со овошен чај и има бројни здравствени придобивки.

Приказната за создавањето на медот им е добро позната на повеќето. Знаеме дека е природен производ на пчелите кој е важен како храна бидејќи содржи шеќери, но и други хранливи материи кои ни се потребни.

Иако конзумирањето мед не ја познава сезоната, тој најчесто се јаде во зима, со чај, а многумина го користат и за зајакнување на имунитетот. Една лажица мед содржи околу 60 калории и приближно 17 грама јаглени хидрати.

Медот всушност е полн со шеќер, па затоа треба да се консумира умерено. Сепак, тој е поздрав од рафинираните шеќери кои се наоѓаат во зашеќерените пијалоци и слатките. Тоа е затоа што медот е богат со растителни соединенија кои го поттикнуваат здравјето.

Некои истражувања сугерираат дека медот во умерени количини може да го намали ризикот од дијабетес и срцеви заболувања, а познато е дека е добар за цревата. Дознајте повеќе за тоа зошто треба да го вклучите медот во вашиот секојдневен живот подолу.

Богат е со антиоксиданси

Медот (минимално обработен) содржи важни и здрави растителни соединенија и антиоксиданси како флавоноиди и фенолна киселина, пишува порталот „Healthline“.

Антиоксидансите се пожелни бидејќи можат да спречат предвремено стареење, срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Многу од здравствените придобивки на медот доаѓаат од антиоксидансите.

Тој е поздрав од „обичниот“ шеќер

Иако е богат со шеќер, антиоксидансите во медот не штитат од метаболички синдром и штетното дејство на рафинираниот шеќер. Истражувачите откриле дека медот може да го зголеми нивото на адипонектин, хормон кој го намалува воспалението и ја подобрува регулацијата на шеќерот во крвта.

Сепак, треба да се напомене дека за овие предности, треба да изберете од докажани производители, оние кои не се разредуваат. Генерално, медот може да биде добра алтернатива за слатките, но не претерувајте.

Може да го подобри здравјето на срцето

Умереното консумирање мед може да спречи срцеви заболувања. Истражувањата покажуваат дека медот може да го намали крвниот притисок, да го подобри нивото на масти, да ја регулира работата на срцето – сето тоа придонесува за здравјето на овој важен орган.

Покрај тоа, оваа храна најчесто содржи прополис, а токму прополисот може да го подобри нивото на холестерол и триглицериди. Сепак, оваа област е недоволно истражена, но сè укажува дека една лажичка мед со чај, или што било друго, не може да ви наштети.

Може да ја смири кашлицата

Многу сирупи против кашлица содржат токму мед, но можеби не е лошо да се консумира мед за да се спречи настинка, но и за време на вируси.

Науката потврдила дека медот е корисна храна која може да го забрза закрепнувањето од настинки (со конзумирање топли пијалоци) и дека добро делува на инфекциите на горниот респираторен тракт.

Уште повеќе, се тврди дека медот смирува и го подобрува квалитетот на сонот, па сега е време да ги видите неговите придобивки.

Лесно е да се вклучи во секојдневниот живот

Покрај сите овие придобивки, одличната работа кај медот е тоа што лесно се додава во храната и пијалоците. Одберете мед наместо шеќер, а со оваа природна храна можете да засладите разни пијалоци од овошни чаеви до кафе.

Можете да го консумирате и како доза на сладост, но не претерувајте, задржете до една лажица дневно.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име