Дома Светски дестинации Римскиот Колосеум го отвора своето подземје за посетителите за прв пат во...

Римскиот Колосеум го отвора своето подземје за посетителите за прв пат во историјата…

736
0

Граѓаните и посетителите на Рим наскоро ќе можат да го посетат подземјето на Големиот Колосеум, кое е отворено за јавноста за прв пат откако е изграден, пишува Си-Ен-Ен Травел.

Сите заинтересирани ќе можат да прошетаат низ ходниците и да го видат просторот каде што престојувале гладијатори и животни пред да стапнат во арената.

Хипогеумот тогаш го осветлувале со свеќи, но поради уништениот терен, сега продира сончевата светлина. Влегувајќи во подземниот свет, посетителите ќе можат да откријат како навистина работел Колосеумот и да создадат појасна слика за тоа како изгледале борбите со гладијатори.

Подготовките за свеченото отворање траат од 2011 година, дел од подземјето беше отворено во 2016 година, а во 2018 година започна големо реновирање. Подготовките накратко беа паузирани во 2020 година поради пандемијата на коронавирусите и беа завршени во текот на првата половина на оваа година.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име