Здравјето на очите обично е една од оние работи за кои не размислуваме премногу додека нешто не тргне наопаку. Сепак, експертите предупредуваат дека треба навреме да се грижите за добрите навики кои ќе го одржат вашиот вид здрав.
Постојат работи што може да ги правите секој ден, а кои би можеле да го загрозат здравјето на вашите очи, па дури и да доведат до слепило, пишува Eat This, Not That .
Пушењето
„Чадот во воздухот директно ги иритира очите“, вели д-р Хауард Р. Краус, американски невро-офталмолог.
„Пушењето цигари, вклучително и пасивното пушење, е одговорно за рана и побрза прогресивна катаракта и за зголемен ризик од васкуларна болест што може да доведе до промени во мрежницата или оптичкиот нерв. Понатаму, пушачите имаат поголема веројатност да страдаат од брзо прогресивна макуларна дегенерација “, објаснува д-р Краус.
Неконтролиран дијабетес
Дијабетесот е водечка причина за слепило кај возрасните на возраст од 18 до 64 години. „Секој со дијабетес или зголемен ризик од дијабетес е исто така изложен на ризик од болести на очите, како што се дијабетична ретинопатија и макуларен едем, и глауком и катаракта“, вели д-р Тимоти Мареј, специјалист за ретина во Мајами.
Ако имате дијабетес, заштитете го видот држејќи го под контрола – здрава исхрана, правилна тежина и редовни посети на вашиот очен лекар. „Рано откривање, навремено лекување и соодветна грижа за следење може да го намалат ризикот од сериозно губење на видот поради дијабетична болест на очите за 95%,“ охрабрува д-р Мареј.
Триење на очите
Триењето на окото ве изложува на ризик од развој на кератоконус, болест која предизвикува прогресивно слабеење на рожницата и менување на обликот со текот на времето.
„Тоа создава заматување и искривување на вашиот вид, а во тешки случаи може да биде потребна трансплантација на рожница за да се поправи состојбата“, вели д-р Барет Еубанкс, офталмолог од Калифорнија. Тој додава дека наместо триење на окото, пожелно е да се лечат иритации, чешање и други причини поради кои треба да ги триете очите.
Не носење очила
Очите често, а особено при градежни и слични работи, се загрозени од разни предмети кои можат да паднат во окото и да го повредат. Затоа, се препорачува да се носат очила секогаш кога е можно.
Не носење очила за сонце
Американскиот офталмолог Бенџамин Берт сликовито опишува дека очилата за сонце се како крема за сончање за кожата.
„УВ зрачењето може да предизвика оштетување на многу делови од окото, вклучително и изгореници на површината, па дури и структури во внатрешноста на нашето око. УВ-оштетувањето на кристалната леќа во нашето око може да доведе до рано формирање на катаракта“, предупредува Берт, додавајќи дека секој треба да носи очила за сонце кои 100 проценти ја блокираат ултравиолетовата светлина, како и УВА и УВБ зраците.
Гледајќи во сонцето
Офталмологот Берт објасни дека количината на енергија испорачана од сонцето, дури и преку соодветни очила за сонце, може да создаде толку многу топлина во окото што може да предизвика изгореници во мрежницата. Таквата повреда е позната како соларна ретинопатија. Иако тоа е често краткорочна форма на губење на видот, Берт забележува дека изгорениците можат да бидат трајни.