Штрудла со шунка и кашкавал во која ќе уживате.
Состојки:
- 2 чаши млеко
- 1 лажица шеќер
- 5 чаши брашно
- малку повеќе од половина чаша масло
- 1 кесичка квасец
- 1 кафена лажичка сол
(мерка: шолја 2 дл)
Полнење:
- 500 гр исечена шунка
- 300 гр кашкавал
- Малку оригано
И повеќе…
- 1 жолчка за премачкување
- сусам за посипување
Подготовка:
Во загреаното млеко ставете квасец и лажица шеќер, па оставете да нарасне.
Кога ќе нарасне квасецот додадете го маслото, солта и брашното и замесете тесто. Оставете да расте.
Потоа тестото поделете го на три топчиња, па секое од нив развлечете го со сукало.
Се филува со шунка и кашкавал, се посипува со малку оригано, па тестото се завиткува во штрудла, се премачкува со жолчка и се посипува со сусам.
Ставете да се пече на 200 степени додека не порумени.