Рецепт: Леб полнет со сирење и лук
Одличен начин да го искористите стариот леб.
Состојки:
- 1 помал леб
- 200 гр рендана гауда
- 150 гр фета сирење
- 60 гр путер
- 2 чешниња лук
- 1 пиперка
- сечкан магдонос
Подготовка:
Оставете го путерот да омекне, па измешајте го со изгмечениоѕ лук и магдоносот. Завиткајте го во фолија и ставете го во фрижидер да се стегне.
Лебот се сече по должина неколку пати, но не до крај, па се сече ширината за да се добијат коцки.
Измешајте рендано сирење и рендана фета со ситно сечканата пиперка.
Наполнете ги парчињата леб со парчиња путер и подготвен фил од сирење.
Лебот се става во плех, се покрива со фолија и се пече околу 15 минути во загреана рерна на 180 степени.
Отстранете ја фолијата и печете уште 10 минути.