Дома Твој готвач Рецепт: Крекери со сирење

Рецепт: Крекери со сирење

725
0


Овие вкусни крекери се направени од само четири состојки.

Состојки
100 гр рендано сирење
100 гр рендан путер
1 јајце
200 гр меко брашно
Подготовка
Изрендајте го сирењето во подлабок сад. Во истиот сад изрендајте ладен путер, а потоа додадете го јајцето.

Додадете го брашното на крајот и постепено.

Сè убаво соединете го и тестото завиткајте го во проѕирна фолија. Оставете го во фрижидер 30 минути.

Потоа расукајте ја кората на набрашнета работна маса, исечете ја на триаголници и направете дупчиња, кои потсетуваат на сирење.

Парчињата наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете ги во загреана рерна на 190 степени додека малку да поруменат. Оставете ги да се изладат па послужете.

Добар апетит!

Извор: Coolinarika

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име