Божиќните пости се во тек и доколку планирате да јадете според правилата на постот, еве еден предлог – кифлички со печурки
Состојки за посни кифлички со печурки:
килограм брашно
кесичка сув квасец
лажичка шеќер
500 мл млака вода
лажичка сол
125 мл масло
главица кромид
400 гр печурки
100 мл бело вино
малку маргарин
сол и бибер
Подготовка:
Во 100 милилитри топла вода растворете го квасецот со шеќер, па оставете го да нарасне.
Во поголем сад измешајте ги брашното, солта, маслото, квасецот и преостанатата вода, замесете тесто и оставете го да стаса на оган.
Во меѓувреме во тава со малку масло пропржете го сечканиот кромид, додадете ги шампињоните и виното и динстајте додека не испари целата течност.
Замесете тесто, поделете го на пет дела, развлечете го и исечете го на триаголници.
Се филува со подготвената смеса, се завиткуваат ролатите, па се редат во плех обложен со хартија за печење.
Премачкајте со растопен маргарин и печете во рерна на 180 степени додека кифличките не поруменат.