РЕЦЕПТ ЗА ОДЛИЧЕН СОС ЗА ТЕСТЕНИНИ КОЈ ИМА ВКУС КАКО ОНИЕ ОД НАЈДОБРИ РЕСТОРАНИ!
Состојки: Тестенини (облик по желба)
2-3 парчиња пилешки гради
200 гр. крем сирење
1 мала конзерва пилешка крем супа
1 конзерва печурки
1 домат
1 пиперка
100 мл. млеко ,
сол, бибер, малку масло,
Подготовка:
Исечете го месото, додадете малку зачини, измешајте и пропржете на малку масло. Во месото додадете крем сирење, домати исечкани на коцки и пиперки исечкани на коцки. Пропржете и додадете крем супа и печурки. Се динста уште малку, се додава млекото и се вари. Посипете со малку магдонос и извадете го од рерна. Сварете ги тестенините во солена вода, исцедете ги и додадете го сосот. Промешајте и послужете топло.