Дома Твој готвач Рецепт за лепиња полнета со сирење од рерна: Се топи во уста,...

Рецепт за лепиња полнета со сирење од рерна: Се топи во уста, однадвор крцкава, а внатре мека како душа

10
0

Рецепт за лепиња полнета со сирење од рерна: Се топи во уста, однадвор крцкава, а внатре мека како душа

Сè уште не сте го пробале овој.

Лепиња полнети со сирење од рерна – рецепт кој се подготвува брзо, а резултатот е едноставно фантастичен: однадвор крцкава, а одвнатре мека и кремаста, се топи во устата при првиот залак.

Без разлика дали ќе ја послужите за појадок, ужина или лесна вечера, рецептот за оваа пунџа ќе ве воодушеви со неговата арома и вкус на свежо печено тесто. Комбинацијата на крцкава надворешност и нежна, воздушеста внатрешност го прави вистинско задоволство за непцето..

А внатре? Топеното сирење моцарела, совршено еластично и кремасто, на оваа лепиња и дава неодолива текстура и богатство на вкус што ќе ве натера да побарате уште едно парче!

Состојки:

Тесто

  • 200 гр брашно
  • 1 јајце
  • 80 мл топло млеко
  • 4 гр сув квасец (1 голема лажичка)
  • 20 гр шеќер (2 лажици)
  • 3 гр сол (рамна 1 лажичка)
  • 30 гр растопен несолен путер (5 лажици)

Полнење

  • 2 компири (430 гр) тежина со кора
  • 3 прстофат сол
  • малку бибер во прав
  • 40 гркрем или млеко (4 ~ 5 лажици)
  • 140 гр сирење моцарела

Прелив

  • млеко
  • 2 лажици растопен несолен путер
  • магдонос (по избор)

Подготовка:

Во сад измешајте ги јајцето и млекото, потоа додадете квасец и шеќер и повторно измешајте. Додадете брашно и сол и сè убаво измешајте, па почнете да месите со рака додека не се соедини во тесто маса. Потоа додадете го стопениот путер. Мазната маса поделете ја на два дела во форма на топка, оставете ја во сад и покријте ја со пластична фолија да отстои еден час.

Исечете ги компирите на кришки и сварете ги. После тоа, на вака сварените кришки посолете и бибер, па испасирајте како за пире и додадете млеко.

Извадете ги топчињата од тестото од садот и замесете ги прво со раце, а потоа расукајте ги со сукало и едното тесто ставете го на плех врз хартија за печење, а другото оставете го на страна. Потоа рамномерно распоредете го пирето врз тестото во тавата, па посипете изрендано моцарела сирење, па сè покријте го со уште едно парче тесто и на краевите „напикајте“ едно тесто преку друго.

Покријте го со пластична фолија и оставете го да отстои 10-20 минути, а потоа убаво премачкајте го со млеко и направете вдлабнатини одозгора со прстите. Ставете ја во рерна на 160 степени и оставете да се пече околу 30 минути.
Кога ќе ја извадите од рерна, намачкајте со растопен путер и посипете со ситно сечкан магдонос.

Уживајте и кажете ни како ви се допадна рецептот!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име