За време на зимските вечери, ние само сакаме да се навлечеме во нашето омилено ќебе со чаша топол пијалок и да уживаме во добра серија или филм. Студените вечери дополнително можете да ги разубавите со малку топло чоколадо, но наместо класичната верзија, пробајте ја оваа зимска со додаток на рум и цимет.
Ова е рецепт за целото семејство…
СОСТОЈКИ:
– 1л млеко,
– 200 г темно чоколадо,
– 200 мл слатка павлака,
– 1 лажичка цимет во прав,
– 5 лажици рум,
ПОДГОТОВКА: Ставете ги млекото, слатката павлака, румот и циметот во тенџере на оган. Оставете да зоврие на средна топлина. Кога сè ќе зоврие, тргнете го од оган и веднаш додадете го чоколадото. Мешајте добро со жица за матење додека не се стопи целото чоколадо и не се комбинира со течноста. Истурете во чаши и послужете веднаш.
Топлотото чоколадо можете да го декорирате со шлаг слатка павлака, слезови колачиња или некој друг додаток доколку сакате.На здравје!