Меки и вкусни погачици со сирење.
Состојки:
- 250 гр сирење
- 1/2 чаша кисела павлака
- малку сол
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- прстофат сода бикарбона
- 20 полни лажици брашно
Подготовка:
Измешајте сирење и павлака, додадете сол и брашно измешано со прашок за пециво и сода, се убаво соединете.
Оставете да отстои смесата 10 минути додека не се загрее рерната.
Со влажна лажица и со помош на рацете формирајте топчиња. Наредете ги на плех подмачкан со масло и печете 15 до 20 минути на 200 степени.
За поголема доза, само дуплирајте ги состојките
Извор:Coolinarika