Вкусни бисквити со цимет одлична комбинација со кафе или чај.
Состојки:
- 150 гр путер
- 60 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 2 лажички цимет
- 1 јајце и 1 белка
- 300 гр брашно
- 1/2 лажичка прашок за пециво
За премачкување:
- 1 жолчка од јајце
- 1 лажичка млеко
- 1/2 лажичка цимет
- 1 лажица кафеав шеќер
Подготовка:
Соединете ги сите состојки за тестото и замесете убаво за да добиете мазна смеса.
Завиткајте во фолија и оставете 20 минути на ладно.
Додека тестото мирува, подгответе плех обложен со хартија за печење и калапи по желба.
На набрашнета површина развлечете го тестото до дебелина од половина сантиметар.
Со калапите вадете ги саканите форми и ставете ги во плех.
Вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени.
Бисквитот премачкајте го со мешавина од жолчка, шеќер, млеко и цимет и печете околу 10 минути.
Кога ќе се изладат, уживајте.