ПЧЕНКАРНИОТ ЛЕБ Е ЛЕК ЗА ЦЕЛОТО ТЕЛО (рецепт)
Сите сакаме добар леб, а нема ништо поубаво кога е свежо печен, особено ако е домашен.
Членови:
0.5 кг пченкарно брашно
0.5 кг меко бело брашно
коцка свеж квасец
2 лажици мед
1 лажица масло
малку сол
Подготовка:
- Прво растворете го квасецот во малку топла вода. Во малку топла вода додадете растопен мед, 2 лажици бело брашно и 1 дл вода. Сето тоа измешајте го и оставете го на топло место да нарасне.
- Во меѓувреме прелијте го пченкарното брашно со зовриена вода и убаво измешајте.
- Кога ќе стане млако, на даска измешајте го со мекото брашно.
- Сега додадете го малку нараснат квасецот, лажица масло и сол.
- Се заедно измешајте да добиете тесто – хомогено.
- Подмачкајте го калапот и ставете го тестото во него. Тестото треба малку да се подигне над работ на калапот.
- Печете 40 минути на 250 степени. После тоа намалете ја температурата на 200, печете околу еден час и не ја отворајте рерната.