Дома Твој готвач Пченкарен солен колач од сланина и кромид

Пченкарен солен колач од сланина и кромид

16
0

Пченкарен солен колач од сланина и кромид

Пченкарниот солен колач со кромид и со сланина е навистина лесен за правење и има уникатен вкус

Состојки:

1 шолја брашно

2 шолји пченкарно брашно

1 лажичка сол

2 јајца

1/2 чаша масло

1 чаша матеница

1/2 чаша кисела павлака

1 чаша сецкан кромид

1/2 чаша сецкана сланина

Насоки:

Загрејте ја рерната на 200°Ц. Тавата за печење 8×8 премачкајте ја. Измешајте го го пченкарното брашно, обичнто брашно и солта. Додадете ги јајцата, растителното масло, матеницата и павлаката и мешајте додека не се соединат. Додадете го кромидот и сланината и измешајте да се соединат.

Истурете во подмачканата тава и печете 25 до 28 минути или додека не порумени. Оставете малку да се излади пред да го исечете и послужите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име