Дома Нега и убавина Против опаѓање и за побрз раст: Најдобра домашна маска за оштетена коса

Против опаѓање и за побрз раст: Најдобра домашна маска за оштетена коса

6107
0

Резултатот од нанесувањето на оваа маска не е само висококвалитетен, туку и издржлив

Студените денови, ниските температури надвор и топлиот и сув воздух внатре, во голема мера влијаат на квалитетот на косата . Доколку вашата коса е веќе оштетена, оваа природна маска ќе ви помогне да го вратите здравиот и негуван изглед, а воедно ќе ја зајакне за зимските денови кога на вашата коса и е потребна дополнителна нега.

Оваа маска е погодна за сите типови коса, а помага и за намалување на опаѓањето, толку повеќе го стимулира растот на косата.

Главната состојка на оваа маска е квасецот, кој содржи големи количини на минерали и витамини од Б групата, кои се многу важни за здрав изглед на косата. Важно е оваа маска да ја нанесувате два пати неделно, а за да добиете максимални резултати постапката се повторува 2 месеци, без прекин.

Резултатот од нанесувањето на оваа маска не само што е висококвалитетен, туку и долготраен! Маски од квасецпогодни се за сите типови коса, а незаменливи се во борбата против опаѓањето на косата и за нејзин побрз раст.

За маската ќе ви требаат:

3-4 лажици топло млеко
1 лажичка мед
7 g сув или 20 g свеж квасец

Подготовка:

Растворете 1 лажичка во 3-4 лажици топло млеко, додадете 20 грама свеж квасец. (за долга коса користете двојна количина). Оставете на топло место да ферментира 15-20 минути. Добиената смеса нанесете ја на чиста, влажна коса. Завиткајте со пластична кеса и крпа. Оставете го на глава еден час (можете и подолго, до 2 часа, колку подолго толку подобро), а потоа измијте ја косата со топла вода.

Со оваа маска, габите од квасец ја зголемуваат количината на витамини, протеини и минерали неопходни за раст на вашата коса. Хранливите материи се апсорбираат во фоликулите на косата и ја зајакнуваат оштетената коса.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име