Дома Здравје Промени во рацете кои може да укажуваат на анемија

Промени во рацете кои може да укажуваат на анемија

1030
0

Анемијата може да се потврди со тест на крвта, но недостатокот на железо може да се посомнева со одредени сигнали дадени од телото. Испружете ги рацете пред вас и проверете ги тупаниците, стегнете ги силно…

Доколку немате сила, уморни сте, губите здив, тешко се концентрирате или повремено имате забрзано чукање на срцето, ако барем делумно се препознаете, можеби сте анемични.

Анемијата е предизвикана од недостаток на железо, составен дел на молекулата на хемоглобинот, која го врзува кислородот во црвените крвни зрнца во белите дробови и го носи низ телото. Намалените нивоа на хемоглобин укажуваат на анемија.

Проблемите со дефицит на железо или анемија може да се потврдат само со тест на крвта, но понекогаш може да се посомневаме на недостаток поради одредени знаци, како што е блед тен на лицето и дланките.

Доколку се сомневате во анемија, се препорачува да консумирате: црвено месо, живина, црн дроб, риба и школки, јајца, јаткасти плодови, суво овошје, мешунки, брокула, спанаќ и овесни снегулки

Извор:aktivni.si

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име