Дома Живот Промаја…Некои се плашат од неа, некои се смеат: Дали промајата „убива“?

Промаја…Некои се плашат од неа, некои се смеат: Дали промајата „убива“?

1322
0


Проблемот со малиот провев е што разликата во температурата е многу мала, па терморецепторите не успеваат да ја детектираат.Така кожата се лади, но телото не реагира доволно брзо.


Луѓето генерално се поделени на оние кои се почувствителни на провев, кои веруваат дека може да настинат поради преголемата циркулација на воздухот и оние кои се преправаат дека се паметни и наведуваат светски јазици на кои овој збор не постои. И што вели науката за тоа?

Дали се валидни предупредувањата како ова: „Затворете го прозорецот! Сите ќе настинеме!“?

Лекарите велат дека не се разболуваме поради провев, туку поради вирус.

Сепак, тие додаваат дека изложеноста на провев влијае на нашето тело предизвикувајќи процеси на нашата кожа и под неа што може да резултира со течење на носот или вкочанет врат.

Промајата е поврзана со т.н индекс на ладење, односно субјективно чувство на ветровито време на кожата. Колку е поголема брзината на ветерот, толку е помало чувството на температура, односно ладењето е побрзо.

„Кога температурата е минус 5 степени, а сте надвор некаде и нема ветер, вашето тело загрева тенок слој воздух блиску до кожата“, објасни германскиот отоларинголог Томас Дејтмер, генерален секретар на Германското здружение за отоларингологија и хирургија на вратот.

Како мокро одело во ладна вода

Тој тенок слој воздух ве изолира од студот. Но, студениот ветер што дува по вашето тело ја растера таа топлина. Колку посилно дува, толку побрзо вашето тело губи топлина и почнувате да чувствувате студ.

Овој ефект се засилува ако вашата кожа е влажна, на пример од пот, бидејќи воздухот што тече влијае на побрзо испарување на влагата и на тој начин ја „одзема“ топлината од телото побрзо од мирниот воздух.

Кога површината на вашето тело се лади со ладен воздух, кој го чувствуваме како провев, крвните садови се стеснуваат, намалувајќи го протокот на крв за да се намали загубата на топлина од топлата крв.

Може да влијае и на мукозната мембрана на носот и грлото. Провевот делува така што ги суши, ја ослабува нивната имунолошка одбрана и нè прави поподложни на вируси на настинка, објасни др. Дејтмер, пренесува Јутарњи лист .

Но, ако сте здрави, нема да се разболите само затоа што сте биле изложени на провев.

д-р. Михаел Диг, член на Германското здружение на оториноларинголози (BVHNO) споменува уште една можна последица од провевот: вкочанетост на вратот, особено во периоди на топло време.

„Ако ви е жешко и седите пред вентилатор или многу блиску до клима уред или отворате прозорец додека патувате во автомобил, воздухот што дува над вашата топла и често испотена кожа може во некои случаи да резултира со напнатост во пределот на вратот. “, тврди Диг.

Тој додава дека температурата на телото секогаш се труди да се прилагоди на условите во околината.

„На површината на нашата кожа има рецептори кои ја мерат температурата на кожата“, објаснува Диг. „Проблемот со благ провев е што разликата во температурата е толку мала што терморецепторите не успеваат да ја детектираат.

Така, кожата се лади, но телото не реагира доволно брзо, што може да влијае на стеснување на крвните садови во пределот на вратот, што резултира со напнатост во мускулите лоцирани долу.

И што да направите за да „не ве убие промајата“?

Најпрво вклучете ги вентилаторите на многу топло време само на кратко и погрижете се да не ви се премногу блиску. За да не настинете од испарувањето на водата на кожата по капење, веднаш соблечете го влажниот костим за капење.

И иако можеби сакате да ги отворите прозорците на автомобилот во кој се возите, а во исто време сте испотени, подобро е да не го правите тоа. Ако користите клима уред, не дозволувајте вентилацијата да дува директно кон вас.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име