Дома Живот Пријателите имаат позитивен ефект врз здравјето

Пријателите имаат позитивен ефект врз здравјето

601
0

Се чувствуваме добро во друштво на блиски пријатели, но можеби не сте знаеле дека тие штитат од дебелина, депресија и срцеви заболувања.

Искрените пријателства влијаат на квалитетот на животот и здравјето.
Искрените пријателства повеќе влијаат на квалитетот на животот и здравјето отколку блискоста со членовите на семејството, велат научниците, а тоа особено се однесува на жените.

Пријател од детството кој ве познава вас и вашето семејство и со кој имате многу убави спомени и приказни, ве потсетува дека сте се уште истата „девојка“. За разлика од старите пријатели од училиште, новите немаат формирано мислење за вас. Сепак, тие можат да ви донесат радост и утеха, да ви помогнат да ги остварите вашите желби.

Помлади пријатели, младешкиот дух нека биде во вас и ќе бидете поенергични и повесели во нивно друштво. Постарите секогаш имаат добри совети поради нивното животно искуство, можат да бидат пример и да ве поддржат во сите ситуации.

Важно е да бидете блиски со пријателите на партнерот. Научниците тврдат дека најсреќни бракови се оние во кои партнерите имаат заеднички пријатели.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име