Природни решенија кога страдате од запек! Забрзајте го варењето на пет начини
Триесет проценти од луѓето повремено ја доживуваат оваа непријатна состојба, а со повеќе течности, храна богата со влакна, топли облоги и масажа на абдоменот ќе ви биде многу полесно.
Опстипација, или запек, е феномен кој со себе носи бројни здравствени проблеми. Дури 30 отсто од луѓето повремено ја доживуваат оваа непријатна состојба, а најголем број од нив се постари жени. Причините се „седентарен“ начин на живот, напнатост и стрес, лоши навики во исхраната, но и промена на начинот на исхрана за време на одмори, празници или на патувања. Доколку имате столица еднаш на секои седум до десет дена, не избегнувајте да земате препарати кои ќе ви го олеснат варењето, но освен лаксативи, проблемот може да се реши сосема природно доколку внимавате што јадете и пиете.
- Што да се јаде?
Јадете храна богата со растителни влакна бидејќи растителните влакна ја задржуваат водата, отекуваат и механички го стимулираат дебелото црево да се испразни. Станува збор за круши, брокула, ленено семе, киви, моркови, варен компир, ананас, пуканки, портокали, овесни снегулки, трици…
- Што да се пие?
Водата е најдобар пријател на телото, а со тоа и варењето. Најдобро е да пиете млака вода, вода богата со магнезиум, компот од сливи, но и чаеви. Чаевите кои делуваат како лаксативи се глуварче, камилица, сена, нане, црн и зелен чај.
- Што да избегнувате?
Елиминирајте го чоколадото, млечните производи, црвеното месо, бананите, производите од бело брашно, пржената храна и грицките како чипсот. Овие намирници имаат малку влакна и можат да предизвикаат дополнителни дигестивни проблеми.
- Маса
Загрејте крпа и ставете ја на долниот дел на стомакот. Масажата исто така може да помогне. Лесно притиснете ја средината на стомакот со дланката и масирајте го во насока на стрелките на часовникот.
- Движење
Една од причините за запек е недостатокот на физичка активност. Затоа повеќето луѓе го имаат овој проблем во зимскиот период кога ретко излегуваат. Лекарите препорачуваат да одвојувате најмалку десет минути дневно за вежби за истегнување кои ќе ги активираат стомачните мускули.