Дома Здравје Предлог Закон за заразни болести, кој се мерките?

Предлог Закон за заразни болести, кој се мерките?

517
0

На предлог на ресорното министерство, а по препорака на СЗО во постапка е Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести каде што во случај на епидемија се забранува влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти.

Ова законско решение е со европско знаменце и треба во Собранието да се изгласа по скратена постапка…

Министерот за здравство потврди дека законските измени не се однесуваат само за болеста Ковид-19, туку и на сите евентуални идни епидемии.

Според него се воведува нова времена мерка,а тоа е забрана на влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест“. Според Сали се дозволува Министерството да примени интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги за обработката на личните податоци и нивна безбедност.

Од УНИЦЕФ се осврнаа на погрешните информации во врска со редовната вакцинација на децата. Укажа на квалитетот на медиумско известување поради соодветна доверба во вакцините.

За предложените законски измени, има реакции од ранливите категории граѓани, поради, како што велат кршење на уставните права. Пренесува mrt.com.mk.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име