Дома Твој готвач Превртена торта со ананас која изгледа одлично и лесно се подготвува

Превртена торта со ананас која изгледа одлично и лесно се подготвува

991
0

Покрај тоа што е вкусна, оваа торта изгледа и фантастично кога ќе ја извадите од калапот.

Едноставен и брз десерт ќе ги воодушеви сите, особено љубителите на ананас.

СОСТОЈКИ:
100 гр шеќер + 1 лажичка шеќер за посипување
4 парчиња излупен ананас
100 гр брашно
половина прашок за пециво
прстофат сол
5 лажици масло
5 лажици сок од ананас (конзервирана)
1 лажичка екстракт од ванила
3 големи белки
3 лажица шеќер во прав

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Земете мал плех-калап и премачкајте ги со масло. Садот посипете го со малку шеќер, на дното ставете парчиња ананас и оставете го на страна.

Во поголем сад измешајте брашно, шеќер, прашок за пециво и сол. Додадете масло, сок од ананас и ванила и повторно измешајте сè заедно.

Во друг сад измешајте ги белките. Додадете шеќер во прав и мешајте уште две минути. Додадете ја претходно подготвената смеса во белките и сè заедно лесно измешајте.

Смесата истурете ја во подготвениот плех и печете околу 25 минути.

Изладете малку и извадете го од тавата превртено со ананасот нагоре. Украсете со брусница…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име