Дома Твој готвач Празничен венец со суво овошје (рецепт)

Празничен венец со суво овошје (рецепт)

6646
0

Празничен венец со суво овошје (рецепт)

Состојки:
3 јајца,

1 ванилин шеќер,
1 прашок за пециво,
2 шолји шеќер (од 200гр),
1 шолја млеко (од 200мл)

1 шолја путер (од 200 мл)
3 шолји брашно (од 200 гр.)
1 лажица цимет
400 гр суво овошје по избор
1 лимон
1 портокал
100 гр чоколадо (може и без, ако не ви се допаѓа)
цимет за посипување

Подготовка:
3 белки изматете ги со миксер додека не се стегнат, потоа додајте ги жолчките, ванилиниот шеќер, гранулираниот шеќер, прашокот за пециво, млекото, путерот, брашното и една лажица цимет, а потоа нежно изматете ја смесата со миксер додека се се соедини. .
Додадете ситно сечкано суво овошје по желба (брусница, суво грозје, суви кајсии, ореви, лешници, суви смокви, урми, сув ананас…)

Изрендајте кора од лимон, портокал и 100 гр чоколадо, измешајте со блендер и истурете во намрсен и набрашнет плех или тавче за торта и печете во загреана рерна на 180 степени околу 50-55 минути (во зависност од рерната).
Испечениот колач превртете го на даска или чинија и додека е уште топол посипете го со цимет. Уживајте и кажете ни ги вашите впечатоци!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име