Според календарот на Македонската православна црква, денес е празникот Благовештение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Благовец.
Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвета Богородица.
Поврзан е со животот на Божјата Мајка. Со право некои го сметаат и за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил – зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица постанала Божја мајка.
Благовец е празник на Божјата Мајка, а според старата црковна традиција е и празник на сите мајки . Благовец е денот на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот.
Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, или на 25 март според стариот календар.
Именден денес празнуваат: Благој, Благица, Блаже, Благојка, Блага, Благун…
Постои верување дека на Благовец и раната не боли, па затоа се негува обичај на малите деца, денес да им се ставаат обетки.
За многу години…