Појадок кој се подготвува за една минута
Рецепт за каша кој брзо се подготвува, а состојките не се скапи.
Состојки :
65 гр овесна каша
200 мл млеко
1 зрела банана
Подготовка :
Изгмечете ја бананата со вилушка. Колку е позрела бананата, толку послатка и повкусна ќе биде кашата.
Испасираната банана ставете ја во тегла со капак, додадете овесна каша и млеко и сè убаво измешајте.
Ставете во фрижидер преку ноќ.
Извадете го наутро од фрижидер и појадокот е готов.